Турската лира тоне
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021
Во Турција има рекорден пад на лирата, а претседателот Реџеп Таип Ердоган прави „чистка“ во Централната банка.
Лирата се намали на рекордно ниско ниво од 9,1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден, и годинава изгуби околу 19 отсто од вредноста.
Ердоган смени тројца членови на Комитетот за монетарна политика на Централната банка (МПЦ) и назначи двајца нови членови.
Ова не е прв пат лирата да губи од вредноста. Претходно во април годинава имаше намалување.