Турската полиција заплени четврт тон хероин
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2018
Турската полиција изведе голема акција во која успеа да заплени неверојатна количина од четвр тон хероин донесен најверојатно до лабораториите во Авганистан кој потоа треба да се дисперзира преку нарко рутите низ Европа.
Поливијата во еден автобус во округот Коџаели во севeрозападниот дел на Турција, пронајде над 260 килограми хероин.
Полицијата интервенирала по добиени оперативни сознанија дека поголемо количество дрога ќе биде транспортирано од источниот дел на Турција до Истанбул.
Автобусот бил запрен на автопат во реонот на Коџаели и при претрес на возилото под покривот биле пронајдени вкупно 264 килограми хероин.
Во полициската акција се приведени три лица.