Туск го спореди Балканот со крвавата серија Game of Thrones
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2018
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск посочи дека Балканот има дури и поинтересна историја со повеќе драми од популарната фантастична серија Game of Thrones со бројни крвави расплети, само што нема змејови.
– Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија.
Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.