29 Март, 2024
0.0256

Тутунопроизводителите со поддршка за спречување на нелегалното производство и трговија со тутун

Објавено во: Економија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Сојузот на здруженија на тутунопроизводители го поздравува донесувањето на новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи со кој се укинуваат бирократските обврски на земјоделците кои произведуваат тутун, односно вадење на евидентни листови, познати како „бели картони“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители, Ванчо Коцев.

Со просечна откупна цена од 3,3 евра за килограм на која тутунопроизводителите дополнително добиваат и субвенции за производството, нашата земја има највисоки цени на ориенталниот тутун во Европа. Ваквата позиција на домашното производство на ориентален тутун во услови кога во регионот (Грција, Бугарија и Турција), кои исто така се големи производители на ориентален тутун, но имаат многу пониски откупни цени, претставува еден вид потврда за квалитетот на македонскиот тутун, надополнет со најдобри услови за производство, кое резултира со се` подобра реколта, што е особено важно за тутунопроизводителите. Имено, во Турција откупната цена е 2,2 евра, а во Грција е и пониска од оваа.

-Во таа насока, домашните производители на тутун се задоволни од мерките кои ги презема државата во поглед на производството, односно откупот, цените и субвенциите. Во откупот од минатогодишната реколта се постигна просечна цена од 217,60 денари по килограм суров лист, - изјави Коцев.

Истовремено, тутунопроизводителите укажуваат дека со акциите кои ги спроведуваат надлежните државни институции насочени кон спречување на нелегалната продажба на тутун и тутунски производи, се прави обид за намалување на можните последици од негативни импликации врз буџетот на државата, бидејќи од извозот на тутун и тутунски производи годишно има приход во државниот буџет од над 100 милиони евра и дополнително има значителни приходи по основ на акциза, ДДВ и други давачки на компаниите кои се вклучени во легална продажба.

Оттука, секоја нелегална продажба на цигари или режан тутун која е евидентна на пазарите, е против интересите на тутунарите кои во државата ги има околу 40.000, со опасност за намалување на легалното производството и пад на интересот на легалните откупувачи на тутун и производители на тутунски производи.

-Тутунарите сметаат дека секој кој сака да одгледува тутун тоа може да го стори во легална постапка, со склучување договор, да добие сертифициран семенски материјал и за својот труд да добие задоволителен приход, - информираше претседателот на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.


Васко Ристовски

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат