02 Март, 2021
0.0531

ТУЖБА ЗА НАТO: Адвокати од Србија и Италија ќе бараат оштета

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2021

Соседна Србија ги тужи членките на НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум.

Адвокатски канцеларии од Србија и Италија веќе ги подготвија тужбите за НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум во 1999 година, дознава „Политика.рс“.Од НАТО ќе се бара оштета поради заболувања од канцер на војници, полицајци, резервисти кои ја бранеа државата од НАТО агресијата.  Тужбата ја подготвувал еден од најдобрите италијански адвокати Ангело Фиоре Тартаља. Тој веќе го доби НАТО на суд од тужбата на италијанските војници кои беа на служба во Косово. Семејствата на војниците добија милионска оштета од Алијансата од 700.0000 до милион евра по лице.

Во случајот на Србија, побарувања имаат околу 2.000 луѓе и се надеваат дека ќе ја добијат истата сума.

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите  тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Обединувањето на Косово и Албанија ќе падне во вода?

Обединувањето на Косово и Албанија ќе падне во вода?

Вучиќ: Од ЕУ се надевавме и очекувавме, но не добивме ништо

Вучиќ: Од ЕУ се надевавме и очекувавме, но не добивме ништо

Нов локдаун во Србија: Ако не затвориме се, ќе се распадне системот, дециден д-р Кон

Нов локдаун во Србија: Ако не затвориме се, ќе се распадне системот, дециден д-р Кон

РАДЕВ БАРА ПРАВДА ЗА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој го напаѓа бугарското малцинство во Македонија

РАДЕВ БАРА ПРАВДА ЗА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој го напаѓа бугарското малцинство во Македонија

Во Србија се бара затворање од седум до 10 дена

Во Србија се бара затворање од седум до 10 дена

Рама вели дека Албанија е подготвена да ја чека Македонија на патот кон ЕУ

Рама вели дека Албанија е подготвена да ја чека Македонија на патот кон ЕУ

Скоро 40 проценти од младите Срби доброволно би војувале за Србија

Скоро 40 проценти од младите Срби доброволно би војувале за Србија

СО ЧАСОВИ ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ - последни зборови за починатиот градоначалник на Загреб

СО ЧАСОВИ ЧЕКАА ЗА ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ - последни зборови за починатиот градоначалник на Загреб

Како ќе изгледа ковид пасошот и како ќе патуваат невакцинираните: Утврдени детали

Како ќе изгледа ковид пасошот и како ќе патуваат невакцинираните: Утврдени детали