ТВ24: Груевски се уште се крие во Албанија
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018
Никола Груевски се уште не ја напуштил територијата на Албанија, тврдат за ТВ 24 добро упатени извори во Тирана.
Според нивните извори сосема е извесно дека Груевски вечерва ќе побегне од Албанија по морски пат и тоа најверојатно во правец на Грција.
Очекувани се три рути преку кои Груевски би одел, од Валона, од Саранда или од едно помало приморско градче. Последната позната дестинација се очекува да биде Турција, каде исто така би пристигнал преку море.