Тведовски убедува дека јавниот долг е ставен под контрола
Објавено во: Економија 21 Мај, 2018
Владата успешно го менаџира јавниот долг убедува министерот Тевдовски кој вели дека по 10 години јавниот долг е ставен под контрола.
Отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите-кажа министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“.
- Владата планира постепена буџетска консолидација, со буџетски дефицит од два отсто на среден рок. Отплатени се стари долгови, подобрена е структурата на долгот преку зголемена рочност и пониски каматни стапки. Зголемена е и довербата на инвеститорите ако се земе предвид дека е издадена еврообврзница со историски најниска каматна стапка од 2,75 проценти, како и државна обврзница со рочност 30 години. Зголемената доверба се гледа и од извештаите на кредитните агенции, како на пример „Фич“ кој го подобри изгледот за рејтингот на земјата, кажа министерот најавувајќи реформи во јавните финансии до крајот на годинава.
Меѓуостанатото министерот потенцираше дека управувањето со јавните финансии е една од клучните алки за фискалната транспарентност.