Твитерџиите со бесни коментари: Вака му фаќаат сеир на Мицкоски
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
„И тоа дочекавме, Јанко Бачев да биде поголем лидер од Христијан Мицкоски.“
„Уствари ставот на Мицковски е целосно пропорционален со неговото досегашно "лидерство". Бош.“ - ова се дел од коментарите на Твитер заедницата која се вжешти по излагањето на лидерот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ .
Христијан Мицкоски по неколку месечно неизлагање за ставот кој го има неговата партија им порача на симпатизерите да гласаат секој по свое убедување.
Во продолжение ова се топ коментарите со кои твитерџиите му „фаќаат“ сеир на опозицискиот лидер.
И тоа дочекавме, Јанко Бачев да биде поголем лидер од Христијан Мицковски.
— Поцков (@GPockov) September 12, 2018
Ај без тупење. Референдумот ќе успее, на новата реалност ќе се привикнеме. Грујо и пола ВМРО ќе лежат робија, животот полека ќе стане подобар и Твитер пак ќе биде место за досетки.
— Скопски Пеер (@Skopski_Peder) September 12, 2018
Од ВМРО им порачаа да гласаат по сопствено убедување.
— Baze Lazevski (@BazeLazevski) September 12, 2018
90% од нив прашаа: "Добро, ќе гласаме по сопствено убедување, ама кажете ни што да заокружиме?"
И така...