29 Март, 2024
0.0252

ТВРДАТА „МИНИ МЕРКЕЛ“: Во што се слични, а во што се разликуваат Ангела Меркел и нејзината наследничка

Објавено во: Свет 08 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Aнегрет Крамп-Каренбауер (56) е избрана за нов лидер на Христијанско демократската унија на Германија на конгресот во Хамбург со што го презеде местото на германската канцеларка Ангела Меркел. Претходно ја извршувала должноста генерална секретарка на партијата, а германските медиуми и го дадоа и прекарот - „мини Меркел“ Сепак, поедини нејзини ставови се разликуваат прилично од политиката на отворени врати која ја застапува Меркел.

Во партиските кругови Aнегрет Крамп-Каренбауер се нарекува и АКК, а важи, слично како и Меркел за прагматична политичарка, која најверојатно ќе ја продолќи политиката на претходничката. Има и такви кои тврдат дека тие две дури потсетуваат една на друга, ги делат повеќето ставови, посебно кога се работи за еконоската политика и формирање на европска војска, но АКК во една важна работа се разликува од Меркел - нејзините ставови се поконзервативни, што ја прави идеален кандидат кој би можел да го купи мирот во партијата.

Неоспорно е дека на прв поглед Aнегрет Крамп-Каренбауер донекаде со политиката и ликот навистина потсетува на германската канцеларка, но кога се во прашање различностите таа никогаш не се плашела да заземе и ставови кои се целосно спротивни од оние кои ги застапува Меркел. На приме, иако КрампКаренбауер никогаш отцворено не ја критикувала мигрантската полтика на Меркел, како нејзиниот противкандидат Шпан, нејзините ставови донекаде се тврди па своевремено предложила и доживотна забрана за влез во Европа на азиланти кои се обвинети за сериозни злосторства.

Таа во една изјава за германски медиум објаснила дека таа забрана би се однесувала на мигранти кои се депортирани за отслужување затворска казна. Според нејзини зборови забраната би требало да важи за сите 26 држави во шенген зоната. Во објаснувањето на тој став, се повикала на случајот на наводно силување во Фрајбург, за кое се обвинети неколку мажи од Сирија, а за главниот осомничен е распишана и потерница поради наркотици.

Разликата помеѓу двете германски политичарки се огледува во поедини ставови, но и фактот дека Крамп -Кареннбауер е ќерка на протестантски свештеник, мајка на три деца и дека повеќе од Меркел инсистира на зачувување на конзервативните вредности на партијата. Меѓуостанатото, Крамп Каренбауер се изјаснила против овозможување брак меѓу истополови партнери и се борела против одлуката на судот во Зарбрикен од судница да се исфрли христијанскиот крст.

Исто така, АКК одлучно настапила и по инцидентот меѓу Украина и Русија во Азовското море, па барала на руските бродови да им се забрани упловување во западното пристаниште. Крамп-Каренбауер при таа прилика изјавила дека би треба да се разгледа воведувањето на овие мерки во европските и американски пристаништа, и дека рускиот претседател Путин очигледно има влијание дека себе си може да си дозволи такви акции против Украина. „Искуството покажува дека мерките уште не се доволно строги, бидејќи инаку Путин не би постапил така“.

Таа рекла и дека ЕУ треба повторно да разговара за спорниот гасовод Северен тек 2 низ Балтичкото море. -Постои можност на ограничување на количните на руски гас кој ќе биде транспортиран во Европската унија“, додавајќи дека Путин сам покренал расправа со својата најнова акција.

Ангела Меркел беше лидер на ЦДУ од 2005 година, а во октомври објави дека ја напушта позицијата лидер на партијата. За изборот на нов лидер биле потребни три круга на гласање, а покрај Крамп-Каренбауер кандидати биле и Фридрих Мерк, кој оваа партија веќе еднаш ја водеше од 2000 до 2002 година, кога Меркел го „исфрли“ од таа позиција и Јенс Шпан, критичар на Меркел кој во март стана министер за здравје.

Од вкупно 999 гласови АКК освоила 518 а нејзиниот ривал Мерк 482 гласа. Крамп Каренбауер ја повикала партијата на повеќе храброст и самодоверба за предизвици во иднината. Според нејзините зборови, ЦДУ, мора да се ангажира и во областа на дигитализација, да се зачага за силна и доследна држава и да преземе одговорност за општо добро.

-ЦДУ мора да развива идеи кои би ги фасцинирале луѓето и од тоа да црпи сила, а не затоа што напаѓа политички противници - рекла таа.



FOTO: TANJUG/AP


Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО