Twitter ќе го нанесе следниот удар врз криптовалутите
Објавено во: Економија 19 Март, 2018
Социјалната мрежа за микро објави Twitter планира наскоро да ги забрани рекламите поврзани со криптовалути како и за почетните крипто понуди кои се засега сметани за сомнителни и непроверени шеми за стекнување на пари од инвеститори без нудење на никаква реална или опиплива вредност за вложените средства.
ICO се повеќе од финансиските регулатори ќе се разгледуваат како пирамидални измами и ќе мора да се воведе соодветна легилсатива со цел да се заштитат инвеститорите кои не секогаш се свесни во каков потфат влегуваат бидејќи овој нов пазар на криптовалути не е воопшто регулиран и нема никакви законитости.
Со цел корисниците да не се доведат во непотребен ризик, Twitter најверојатно ќе го спречи ширењето на реклами и спонзорирани објави за ICO и криптовалути, слично како забраните на Facebook и Google претходно.