Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 09:19
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело насилство, откако нападнал луѓе пред маркет во Кисела Вода со бехатон плочки.
Како што информира државното Јавно обвинителство, на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз две лица, а кај 10-годишно дете кое било сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
-Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бекатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице, информира Обвинителството.
Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.
Можеби ќе ве интересира
ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА ОНКОЛОГИЈА - за кривичните дела за кои се товарат следуваат високи казни

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

„ПРИРОДНО Е ДА САКААТ АЛБАНЦИТЕ ДА ЖИВЕАТ ВО АЛБАНИЈА“: Хајредини за актуелните теми во најновото издание на „Бизнис муабети“

Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

„НЕ СЛУЧАЈНО, ПРЕМИЕРОТ ГО ДИСЦИПЛИНИРАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА“: ДУИ тврди дека Мицкоски ги презира Албанците

„ВАЖНО: БОЛЕСТА НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ЛЕСНО. ПОТРЕБЕН Е БЛИЗОК, ПРОДОЛЖЕН КОНТАКТ!“: Д-р Даниловски со детали, еве како да се заштитите од мајмунски сипаници

„ПАРТНЕРСТВОТО ПОДДРЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КЛУЧНИ ИНФРАСТРУКТРУНИ ПРОЕКТИ“: Британската амбасада по потпишувањето на договорот

ЗМИИ ВО КАРПОШ: Општината се зафати со решавањето на овој проблем

КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“
