24 Јуни, 2025
0.0269

УАПСЕН БЛЕРИМ РАМАДАНИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: по потерница од Србија, амбасадорот тврди нема да биде екстрадиран

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024 10:18

Добивај вести на Viber

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Блерим Рамaдани, е уапсен синоќа во Македонија, врз основна на потерница издадена од соседна Србија. 

Дека Рамадани е уапсен објави Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, од каде истакнале дека за апсењето е известен и амбасадорот на Косово во Скопје, Флоријан Ќехаја.

Амбасадорот денеска за домашните медиуми посочи дека Рамадани нема да биде екстрадиран, бидејќи имале силни аргументи. 

Инаку Блерим Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово, а од страна на Организацијата на воени ветерани на Косово упатен е  повик до институциите на Македонија веднаш да го ослободат.

- Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Фљориан Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај - се наведува во соопштението. 

Амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја изјавил дека земјава нема да го екстрадира во Србија, Бљерим Рамадани, кој беше уапсен врз основа на потерница за воени злосторства извршени за време на војната во 1999 година, јави „Газета Експрес“.

„Ние се занимаваме со случајот, имаме многу силен аргумент дека тоа нема да се случи. Тука сме во комуникација со новата влада, но и со правосудните органи“, изјавил Ќехаја за „РТВ Дукаџини“.

Апсењето е извршено вчера на преминот Јажинце-Глобочица, кој го поврзува Косово со Македонија.

Се уште нема официјално соопштение од домашните власти во врска со овој случај.

Можеби ќе ве интересира

УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ РЕТКО СРЕТНУВАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Дали имаме навика да ги наградиме за нивната уметност?

УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ РЕТКО СРЕТНУВАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Дали имаме навика да ги наградиме за нивната уметност?

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

„ОВА Е ВЛАСТ ШТО ТОТАЛНО СЕ ОДЕЛИ ОД ГРАЃАНИТЕ“: Жерновски вели дека трошат пари затоа што им се може

„ОВА Е ВЛАСТ ШТО ТОТАЛНО СЕ ОДЕЛИ ОД ГРАЃАНИТЕ“: Жерновски вели дека трошат пари затоа што им се може

„ВТОРИОТ ДЕН ОД НАПАДОТ, ВО БОРБАТА ЗА АРАЧИНОВО БЕВ ТЕШКО РАНЕТ“: Ангелов се потсети на битката

„ВТОРИОТ ДЕН ОД НАПАДОТ, ВО БОРБАТА ЗА АРАЧИНОВО БЕВ ТЕШКО РАНЕТ“: Ангелов се потсети на битката

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите