УАПСЕН Е НАПАЃАЧОТ: Kој е човекот кој рани 14 луѓе во автобус?
Објавено во: Свет 20 Јули, 2018
Напаѓачот кој денеска со нож во автобус во Германија рани најмалку 14 луѓе е уапсен.
Се работи за Иранец, на околу 30-годишна возраст.
Мажот со нож ги нападнал патниците и возачот, кој веднаш го запрел автобусот, по што ги отворил вратите за патниците да можат да истрчаат надвор.
Нападот наводно започнал кога еден од патниците му понудил место на постаро лице. Во тој момент напаѓачот го избодел патникот со нож.
Државниот обвинител вели дека многу нешта би можеле да бидат мотив за нападот, а не е исклучена можноста да се работи за тероризам.
Полицијата претходно објави на „Твитер“ дека во тек е голема полициска акција во градот. Во нападот што се случи во Либек, северна Германија, а беа повредени најмалку 14 лица, од кои две сериозно.