Уапсен е вработен од Специјалниот завод во Демир Капија кој допирал девојка
Објавено во: Македонија 11 Август, 2020
Уапсен е вработен од Специјалниот завод во Демир Капија, откако вчера е фатен на дело како допира и бакнува девојка згрижена во домот, информираа од СВР Велес.
Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.
„На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.