Уапсен и соработникот на Асанж: Еквадор тврди дека се обиделе да ја оштетат нивната влада
Објавено во: Свет 12 Април, 2019
Соработникот на Џулијан Асанж, е уапсен на аеродромот во главниот град на Еквадор, изјави министерот за внатрешни работи Марија Паула Ромо.
Таа рече дека близок соработник на Асанж живеел во Еквадор и имал докази дека бил во контакт со поранешниот министер за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патино.
Според неа, властите имаат информации дека лицето кое е уапсено е близу до Џулијан Асанж и дека "дал придонес во обидите да го дестабилизира Еквадор за да им предизвика штета на властите".
Британскиот весник „Дејли експрес“ пишува дека шведскиот државјанин Ола Бини бил уапсен.
Полицијата во Лондон вчера го уапси Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор, откако властите на Еквадор го укинаа азилот на основачот на Викиликс.
Тој беше прогласен за виновен за прекршување на условите за кауција во 2012 година, а судот ќе ја донесе пресудата на второто рочиште на 2-ри мај.