20 Април, 2024
0.2292

Уапсен Игор Југ-еден од насилниците кои упаднаа во Собрание на „крвавиот четврток“

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Дел од медиумите пренесуваат дека утрово во Куманово е уапсен Игор Југ.

Тој беше дел од групата насилници кои на 27 април упаднаа во Собранието и удрија по пратеници.

По Игор Југ се трагаше со потерница бидејќи досега беше во бегство а за него имаше одреден притвор.

Пред десеттина дена Игро Југ беше обвинет од српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ  дека тој е човекот кој требало да го убие премиерот, но на социјалната мрежа Игор се правдаше дека агентот на БИА, Живаљевиќ се обидел да се испере со него и да го претстави како платен убиец. 

„Па друже Живаљевиќу, да ти поставам неколку прашања како лаик! Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Друго нешто, ако сум професионален убиец, зошто не носев маска? Ќелав човек од над 100кг. со долга брада, со тетовирани раце и во маица на ХОС бев само јас, значи секој чекор многу лесно можеше да ми се следи и ми е снимен од камерите! Така ли се оди кога сакаш да убиеш некој? Објасни ми ти, зошто си професионален шпиун, а правиш вакви пропусти кога профилираш еден „платен убиец“!? Друже Живаљевиќу, дали некој ќе најми профи убиец кој така облечен јавно ќе оди да убие претседател на политичка партија? Каде е тука здравиот разум!?Зар толку сите ги потценуваш и им ја навредуваш интелигенцијата и здравиот разум!?Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!? Ретардирано жртвено јагне со уште поретардирани налогодавци, нели така испаѓа!? Епа друже Горане, јас не сум ниту платен убиец, а не сум ни ретардиран, а не е ретардирана ниту јавноста на која ова и го пласираш!!! Може не сме учеле школи за агенти, ама сме го гледале сите „Enemy of the State“ со Вил Смит и Џин Хекмен, приказна која сакаш сега ти со твоите другарчиња да ни ја продадеш во Македонија!“ - пишува Игор Југ на Фејсбук. 

Засега МВР официјално не ја потврдува информацијата, но се очекуваат детали во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите