24 Април, 2024
0.0274

УАПСЕН ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР! Хаос во Иран – им даде поддршка на демонстрантите, па му беше одземена слободата!

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Многу познати личности и спортисти се санкционирани, меѓу кои и фудбалер кој беше уапсен поради поддршка на протестите преку социјалните мрежи.

Поранешниот репрезентативец на Иран, Хосеин Махини, е лишен од слобода поради поддршка на луѓето кои станаа на нозе по убиството на Махса Амини (22), жената која го заврши животот во болница откако беше претепана од полицијата.

Насилната смрт на една млада Иранка ги крена на нозе жителите на оваа земја и предизвика нереди и хаос на улиците, каде луѓето со денови го изразуваат своето незадоволство од режимот.

Потсетуваме, Махсе Амини беше убиена затоа што се спротивставила на репресијата на верската полиција затоа што не сакала да носи хиџаб во јавност, а начинот на кој и бил ставен крај на животот ја претворил во симбол на отпорот кон власта и ги поттикнувала своите сонародници.

Сето ова резултираше со бројни апсења и нови смртни случаи, бидејќи локалната полиција не се двоуми да употреби сила против најупорните демонстранти.

За пример за другите беа санкционирани и познати личности и спортисти, а меѓу нив е и фудбалерот Хосеин Махини, кој беше уапсен поради „поттикнување протести и изразување сочувство кон непријателот“ преку социјалните мрежи, за што и официјално се товари.


Според иранската новинска агенција ИРНА, Махини е уапсен по наредба на обвинителот, откако било оценето дека ги поддржува протестите со објави на социјалните мрежи поврзани со убиството на Мехса Амини.

Покрај Махини, кој 23 пати го носеше дресот на Иран и осум години ги бранеше боите на најпопуларниот клуб Персеполис таму, уапсен е и познатиот радио водител Махмуд Шахријари. Освен што е обвинет за силување на протестите, тој е обвинет и дека ги учел луѓето како да прават молотови коктели.

Ова не е крајот на листата на познати личности чие апсење е наредено, бидејќи според некои информации, агенти на специјалната служба се обиделе да го уапсат познатиот ирански актер Кетајун Ријахи, во неговиот дом. Сепак, тој успеал да побегне.

Властите како еден од водачите на протестот го издвоија Али Карими, поранешен фудбалер на Баерн Минхен и поранешен репрезентативец на Иран, а властите бараат негово апсење како и конфискација на неговиот имот. Се вели дека Карими го напуштил Иран уште пред протестите.

Бунт изразија и актуелните репрезентативци на Иран кои на пријателскиот натпревар со Сенегал во Австрија излегоа облечени во црни јакни преку дресовите при интонирањето на националната химна. Тие ги симнаа веднаш штом заврши државната химна, а подоцна беше откриено дека на тоа решиле поради смртта на Маса.

Претходно, најдобриот играч на Иран Сардар Азмун даде целосна поддршка на протестите на Инстаграм.

Тој отиде дотаму што е подготвен дури и да го жртвува настапот на Мундијалот во Катар доколку таква одлука донесе повисока власт.

Подоцна му се придружија Алиреза Биранванд и Махид Хосеини.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница