Добивај вести на Viber
Околу 50 луѓе уапсила Дирекцијата за истражување на организиран криминал и тероризам во Романија, меѓу кои и директори на банки и државни службеници. Директорите на банките биле уапсени поради сомневање дека учествувале во перење на пари, а државните службеници поради учество и работа во криинални групи кои организирале банкарски измами.
Обвинителството и Дирекцијата извршиле претрес во филијалите на три најголеми банки во Романија: Романската трговска банка, Романската банка за развој и Кредитната банка. Меѓу осомничените е и претседателот на Националниот фонд за кредитирање на мали претпријатија Аурел Шарамет. Криминалната група одобрувала банкарски кредити на фиктивни лица со лажна документација.