28 Септември, 2024
0.0287

Уапсени четворица соработници на Ајроски кој сакаше да пренесе 324 килограми кокаин

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Обвинителството соопшти дека се уапсени 4 лица во Македонија, осомничени дека се соработници на Назиф Ајроски, Македонецот кој во јуни 2021 година беше фатен со 324 килограми кокаин на пристаништето во Драч.

Во март годинава Ајроски добил 8 години затвор за трговија со дрога, а истрагата продолжила, со цел да се идентификуваат и други соработници инволвирани во оваа криминална активност., објави Клан Макеоднија.

„По испраќањето на обвинетиот Назиф Ајроски на судење, Јавното обвинителство против корупција и организиран криминал ги продолжи истрагите во посебна кривична постапка, за откривање на други соработници инволвирани во оваа криминална активност. З

По повеќемесечна заедничка истрага и извршување на повеќе истражни дејствија, властите на Република Северна Македонија на 03.04.2023 година уапсија четворица државјани како осомничени за кривични дела меѓународна трговија со наркотици сторени во рамки на организирана криминална група. . Уапсените се осомничени дека соработувале со обвинетиот Назиф Ајроски во обидот преку пристаништето во Драч да проневерат количина од 324 килограми и 400 грама кокаин, запленети на 18.06.2021 година“, велат од Обвинителството.

Возачот Ајроски е уапсен на пристаништето во Драч додека управувал камион од Македонија службено натоварен со железо, во кој биле пронајдени десетици пакувања со кокаин.  Дрогата е откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи. Не се наведува какви сообраќајни ознаки имал камионот.

Кокаинот бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор, а бил скриен внатре во шасијата на камионот. Според првичните информации, камионот тргнал од Белгија и преку Србија и Македонија на албанска територија влегол преку преминот Ќафасан кај Струга. Пред да стигне во Драч тој на албанска територија останал два дена и токму движењето на возилото било причина полицијата да се посомнева.

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?