19 Април, 2024
0.0258

Уапсениот инспектор за животна средина побарал мито од 200 евра

Објавено во: Македонија 23 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Инспекторот за животна средина кој вчера беше уапсен, доби кривична пријава за поткуп, а МВР денеска обелодени дека примил мито од 200 евра. Од сопственик во Кичево побарал и ги добил овие пари, а кривино ќе се гони и негов помагател од тетовското село Фалише.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 22.04.2021, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра“, објави МВР.

Државниот инспекторат за животна средина вчера го осуди секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање на законски прекршувања на загадувачите.

„Денешното апсење на државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ дека сме решени да се пресметаме со корупцијата и да ја вратиме довербата во институциите.  Очекуваме надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со законот. Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина“, соопшти вчера инспекторатот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?