25 Април, 2024
0.0302

Убиецот го откри мотивот зошто го уби синот на поранешниот германски претседател

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Човекот кој го уби Фриц фон Вајцекер, син на поранешниот германски претседател Ричард фон Вајцекер  во Берлин, е ментално болен и страда од манија на гонење.

Убиството било одмазда за наводната вмешаност на семејството фон Вајцекер во војната во Виетнам.

„Сторителот го објасни својот чин со фактот дека таткото на убиениот, поранешниот германски претседател Ричард фон Вајцекер, беше директор на хемискиот концерн „Бохернгер Ингелхајм“ во 60-тите години на минатиот век, и со тоа е одговорен за продажба на воени отрови во САД што се користеле во војната во Виетнам“,  пренесува Spiegel Online.

Бидејќи Ричард фон Вајцекер не е повеќе жив, а како жртва бил избран неговиот син, докторот Фриц, објасни 57-годишниот сторител.

По сослушувањето, човекот по потекло од сојузната држава Рајнска -Пфалц е испратен во затворена психијатриска клиника. Тој објасни дека  на интернет се информирал за предавањето на интернистот докторот Фриц фон Вајцекер на Клиниката „Шлоскарк Берлин“  на тема масен црн дроб, а потоа купил нож, се качил на воз и се упатил кон Берлин, каде го нападнал Фон Вајцекер за време на предавањето пред околу петнаесет учесници и го прободел во вратот.

При нападот сериозно е повреден и полицаец, кој случајно бил во публиката и кој се обидел да го спречи напаѓачот. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек