Убиецот на бугарската новинарка Маринова екстрадиран - оди ли зад решетки?
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2018
Осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова денеска е екстрадиран во Бугарија.
Северин Красимиров е испорачан од Германија во Бугарија.
Красимиров со редовен лет пристигна на аеродромот во Софија, каде го пречека тим на затворската стража, која ќе го префрли во градот Русе.
Тој ќе биде притворен и против него ќе биде поднесено обвинение.
Обвинителството во германскиот град Целе минатата недела соопшти дека лицето осомничено за убиството на 30-годишната новинарка наскоро ќе биде екстрадирано во Бугарија.
„Дваесетгодишниот маж призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“, наведе Обвинителството.
Овој случај ја потресе бугарската јавност. Граѓаните во Русе беа вознемирени и бараа настрога казна за убиецот.