Убиецот од Нов Зеланд се заканувал на еден моќен политичар
Објавено во: Свет 15 Март, 2019
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кого извршителот на терористичкиот напад Брентон Тарант му се заканувал преку социјалните мрежи, предупреди на нов терористички напад во Нов Зеланд.
Ги повика сите светски сили, да преземат итни мерки против тероризмот. По петочната молитва, во турскиот град Дијарбакир се одржа протест.
Напаѓачот кој денеска го изврши најголемиот масакр во историјата на Нов Зеланд, убивајќи 49 луѓе за време на молитва во две џамии во градот Крајстчрч, сакал да истакне неколку работи во манифестот на 74 страници, што го оставил зад себе. Мразел имигранти и бил гневен поради нападите во Европа, за кои беа обвинети муслимани. Тој сакал одмазда и сакал да прошири страв.
Во нападот кој во почетокот во живо го пренесуваше на Фејсбук, тој уби 41 лице во џамијата Ал Нор, а уште осум луѓе се убиени во друга џамија.
Потпретседателот Мајк Пенс изрази порака со сличен тон преку Твитер и најсилно ги осуди нападите врз верници. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство и понуди помош.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.