Убиената новинарка во Русе: Кои детали се познати до сега?
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2018
Има доволно собрано ДНК материјал на местото на убиството во Русе каде жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе и извршителот ќе биде откриен, рече вчера вечерта премиерот Бојко Борисов
„Од начинот по кој се работи и многу собран ДНК материјал - прашање на време е кога ќе се реши случајот, рече Борисов.
Порано во текот на денот, стана јасно дека телото на новинарката е откриено во саботата на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Жртвата била распознаена дури вечерта подоцна. Според првичните информации била напданата дури трчала на кејот. Во 10.30 пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено злоделото. Маринова била силувана и задушена. Телото е пронајдено но не и некои лични работи на починатата, нејзиниот мобилен телефон, клучевите од колата, личните документи но и дел од облеката.
Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Харлем Дезир, го осуди убиството на Твитер:
Shocked by horrific murder of investigative journalist Victoria Marinova in #Bulgaria. Urgently call for a full and thorough investigation. Those responsible must be held to account. #journosafe #SOFJO
Локалните медиуми објавија дека Маринова била административна директорка на телевизијата ТВН во Русе и штотуку започнала свое сопствено ток-шоу „Детектор“.
Бугарскиот претседател Бојко Борисов порача дека е само прашање на време кога ќе биде фатен убиецот на Маринова.