30 Јули, 2021
0.0187

УЦЕНА И ИЗОЛАЦИЈА: Арапските земји испорачаа услови за Катар

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2017

„Вол стрит џурнал“ објави дел од условите кои ги поставуваат арапските земји за Катар. 

Се наведува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и нивните сојузници бараат гаранции дека властите во Катар ќе го прекинат финансирањето на екстремистичките групи на Блискиот Исток и ќе ја прекинат својата врска со политичкото раководство на исламистичкото движење „Муслиманско братство“. 

Од Катар се бара и официјално да ја намали активноста на медиумската мрежа Ал Џезира. Официјалниот список со условите за Катар може да се очекува во наредните неколку дена, пренесува руската новинска агенција „Тас“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп синоќа разговарал телефонски со катарскиот владетел, емирот Тамим бин Хамад ал Тани. Тој покажа подготвеност за пронаоѓање решение на дипломатската криза во регионот на Персискиот залив, вклучувајќи и состанок на Катар и арапските земји кои го изолирале. Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Либија, Малдиви и уште неколку блискоисточни и африкански држави оваа недела ги прекинаа дипломатските врски со Катар поради наводно финансирање тероризам и негување на добри односи со Иран. Катар ги отфрли сите овие обвинувања. 

Можеби ќе ве интересира

По 179 дена е регистриран нов случај на коронавирусот во Пекинг

По 179 дена е регистриран нов случај на коронавирусот во Пекинг

(ВИДЕО) СНЕГ И СТУД ВО БРАЗИЛ: Луѓето се маваа со топки и правеа снешко

(ВИДЕО) СНЕГ И СТУД ВО БРАЗИЛ: Луѓето се маваа со топки и правеа снешко

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Земјата ги „голта“ автомобилите

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Земјата ги „голта“ автомобилите

ЗЛОСТОРНИЧКИ СКАНДАЛ ВО САД: Дипломат во американската амбасада во Мексико дрогирал и силувал 23 жени

ЗЛОСТОРНИЧКИ СКАНДАЛ ВО САД: Дипломат во американската амбасада во Мексико дрогирал и силувал 23 жени

АЛЈАСКА ЈА ТРЕСЕШЕ ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,2 СТЕПЕНИ: Вклучен алармот поради цунами на Хаваи

АЛЈАСКА ЈА ТРЕСЕШЕ ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,2 СТЕПЕНИ: Вклучен алармот поради цунами на Хаваи

GOOGLE И FACEBOOK ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО САД - сите што ќе работат во канцеларија мора да бидат вакцинирани

GOOGLE И FACEBOOK ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО САД - сите што ќе работат во канцеларија мора да бидат вакцинирани

КОВИД ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДО ЕСЕН - Британија го достигна имунитетот на стадо, бројот на заразени опаѓа седум дена по ред

КОВИД ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДО ЕСЕН - Британија го достигна имунитетот на стадо, бројот на заразени опаѓа седум дена по ред

Светот ќе биде вакциниран кон крајот на 2024 година?

Светот ќе биде вакциниран кон крајот на 2024 година?

СЗО потврди дека смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто

СЗО потврди дека смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто