20 Април, 2024
0.0263

Учениците од „Нова“ донираа храна за социјално загрозените семејства

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Учениците од меѓународното училиште „Нова“ се вклучија во добротворната акција „Ретвитни оброк“ и денеска во просториите на образовната институција собраа 200 топли оброци за социјално загрозените семејства. Основците и средношколците дополнително донираа и прехранбени продукти од типот на леќа, грав, ориз, тестенини и друго, а лидери на целата иницијатива беа учениците од петто одделение.


Со цел на хуманитарната акција да ѝ се даде и образовна димензија, учениците имаа задача да го презентираат физичкиот и хемискиот процес кој бил потребен за да се подготви оброкот.Целата акција беше реализирана во соработка со невладината организација „Љубезност и граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“.Тие по донаторската акција во „Нова“ ги дистрибуираа оброците до бездомниците и социјално загрозените семејства, а дел од храната ќе ја искористат во нивната кујна каде подготвуваат топли оброци.


- Хуманитарните акции се составен дел од работата на училиштето и се организираат во тек на целата година. Сакавме како институција да дадеме поддршка на една ваква акција и се надеваме дека ќе ја продолжиме соработката и во иднина. Секако во меѓувреме ќе организираме и други акции со кои се обидуваме да иницираме позитивни промени во општеството – велат од меѓународното училиште „Нова“.


Низ годините меѓународната образовна институција има соработувано со голем број здруженија и невладини организации за подобрување на ситуацијата на одредена група граѓани во државата, а има и организирано донаторски акцииза обезбедување средства на тие на коишто им се најпотребни. 

 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга