28 Март, 2024
0.0242

Удар врз најголемиот производител на смартфони: Директорот на „Samsung“ приведен поради корупција

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Главниот извршен директор на јужнокорејската компанија „Samsung Group“ Џеј Ли беше уапсен рано во петокот поради неговата наводна улога во корупцискиот скандал, движејчи се во последните месеци на највисоките нивоа на власта во Јужна Кореја. Тоа е директен удар врз најголемиот производител на смартфони и мемории во светот, пишува Reuters.

48-годишниот Ли, потомок на најбогатото презиме во земјата, е уапсен во централниот затвор на Сеул на 24 часа, додека специјализираното обвинителството процени дали има потреба од продолжување на овој рок.

Ли е осомничен за трговија со влијание, а скандалот доведе до импичмент на претседателот Пак Кан Хе во декември, кој ќе биде прв демократски избран лидер на земјата, принуден да ја напушти функцијата. Тоа ќе се случи откако Уставниот суд ја потврди одлуката на парламентот.

Обвинителите имаат 10 дена да подигнат обвинение против Ли, но може да побараат продолжување на овој рок. Откако обвинението биде поднесено, судот ќе има три месеци да се произнесе.

Samsung и Ли ги негираа обвинувањата за случајот. 

„Ќе се потрудиме за да се осигураме дека вистината ќе биде откриена во претстојните судски постапки“, рече Ли во кратка изјава по неговото апсење.

Минатиот месец судот го отфрли барањето на обвинителството за апсење на Џеј Ли, но сега се обезбедени дополнителни докази кои биле доволни за судиите. Тие се поврзани со давање мито.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи