УГОСТИТЕЛИ И ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ - аплицирањето за грантовите е продолжено до 4 декември

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020
Министерството за економија ги известува
заинтересираните апликанти дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици
од Четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19
кризата во секторите туризам и угостителство се
продолжува до 04 декември годинава.
Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб -страната на Министерството за економија на 16.11.2020 година:
1.Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти
2.Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции
3. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи
4. Јавен повик за издавање на грантови за игротеки
5. Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби“, соопшти Министерството за економија.
Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“
Повеќе детали за компаниите има на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867
Можеби ќе ве интересира
Енергетска заедница: „Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - тој ќе се доработува

Врнежите направија застој во Суводол: РЕК Битола работи со еден блок, надлежните тврдат дека системот е стабилен

Фатмир Битиќи: Физибилити студија и за Македонски железници - Транспорт и ТЕЦ Осломеј

То Вима: Извонредна енергетска соработка помеѓу Атина и Скопје

Угостителите незадоволни и покрај враќањето на претходното работно време

Инспиративни до срж: Како македонска компанија ги руши стандардите на работењето
