28 Март, 2024
0.0291

УГОСТИТЕЛИТЕ И ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ ВО ПЕТОК ЌЕ ГИ „КРОЈАТ“ НОВИТЕ МЕРКИ - главно е барањето за помош за плати на вработените

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Независната угостителска комора во петок ќе има средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи, на која ќе се разговара за нивните барања за дополнителна државна помош од петтиот сет економски мерки. 

„Денес во 10:00 часот од Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи е закажана работна средба согласно нашите предлози на очекувања и барања за дополнителна помош и поддршка на угостителската индустрија.

Посебно ни е драго што како Независна угостителска комора во име не само на членките на комората туку и во име на целокупната угостителска индустрија ќе имаме можност да дадеме придонес креирање на неопходенниот петти сет економски мерки кои се надеваме ќе биде последен. Конечно како релеватни претставници на угостителската индустрија ќе можеме директно и изворно да укажеме на проблемите и потребата од посебната поддршка и помош наменета за угостителите.

Независната угостителска комора доби покана за работна средба за петок 29-ти Јануари во 14:00 часот по основ на доставените и предложени барања и очекувања од Владата за поддршка и помош од петтиот сет економски мерки.

Како претставници на комората на заедничка маса заедно со претставници на Владата на чело со Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи ќе имаме можност директно и изворно да ги дознаеме можностите и напорите на Владата што ги превзема за помош и поддршка на угостителската индустрија, како и вистински и реално да ја пренесеме реалната ситуација со која угостителската индустија се соочуваше во период на пандемија Ковид-19“, се вели во соопштението. 

Во однос на барањата, од НУК се надеваат дека најбитното основно и круцијално барање за субвенција - поддршка и помош за бруто плати за угостителските работници за периодот јануари-март 2021 година ќе биде прифатено.

„Тоа на угостителите ќе им овозможи да ги задржат во целост своите вработени, а по основ на останатите очекувања и барања ќе успееме заеднички да изнајдеме начини прифатливи за угостителската индустрија според можностите на Владата

Во зависност од можностите и условите за одржување на работната средба доколку дозволуваат условите и протоколите на средбата покрај претставници на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, ќе бидат поканети и претставниците на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид вклучувајќи и претставници на останатите туристичко угостителски комори“, се вели во соопштението од НУК.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“