28 Март, 2024
0.0242

УГОСТИТЕЛИТЕ ТВРДАТ: Во земјава има над 50.000 регистрирани сметки со криптосредства, сакаат и тие да издаваат и тргуваат

Објавено во: Финансии 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Регулатива, според која законски ќе регистрираат македонска крипто менувачница, ќе издадат македонски крипто средства - коини, односно крипто средства - токени за угостителската индустрија и законски ќе постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови, се барања на Независната угостителска комора, НУК.

Оваа комора, како што соопштуваат до јавноста, испратила писмо до претседателот на Владата, Народната банка, Министерството за финансии, Министерството за економија, УЈП и Централниот регистар со кое се бара да се изготви регулатива која ќе овозможи издавање на глобално крипто-виртуелно средство наменето за користење на угостителски услуги и инвестиции во македонски и регионални угостители.

Оттаму тврдат дека според нивни неофицијални сознанија, има повеќе од 50.000 регистрирани сметки со криптосредства на македонски граѓани и на нив има стотици милиони евра во криптовалути. Ови пари, како и парите на странците кои би ги користеле услугите во угостителските објекти со крипто средства, или пак официјално би ги разменвала на апаратите поставени во хотелско-угостителскиот сектор, според Независната угостителска комора, ќе го раздвижи туризмот и угостителството во земјава.
„Изминатите месеци сведоци сме на експанзија од локална и глобална популаризација на работење, тргување и издавање на криптовалути. Согласно постојната македонска законска регулатива и информациите на Народна банка за криптовалути инвестирање, тргување и содавање на криптовалути, во Македонија не е забрането, туку истото не е законски регулирано. Моментално сите трансакции и инвестиции во крипто средства се одвиваат преку разни странски крипто менувачници или со размена на крипто средства помеѓу физички лица при што не се води евиденција односно се нема контрола на готовинските текови на пари“, пишува во дописот на Независната угостителска комора.

Затоа, како што велат угостителите, барат регулатива според која законски ќе регистрираат македонска крипто менувачница, ќе издадат македонски крипто средства – коини односно крипто средства – токени за угостителската индустрија и законски ќе постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови.

„Воведувањето на законска можност за трговија и инвестиција во македонски криптовалути за угостителската индустрија во услови кога угостителите трпат енормни штети и загуби поради пандемијата со ковид-19 ќе допринесе инвестиции во свеж надворешен капитал со што ќе може директно да се помогне во нивната ревитализација и анимирање на туризмот и угостителството во привлекување на потенцијални странски гости-туристи кои ќе можат на лесен и брз начин да инвестираат и плаќаат со криптовалути кај македонските угостители со што ќе може да се зголемат и забрзаат приходите од туризмот.

Официјализирање на работење со крипто валути со официјална регистрација на македонска менувачница на криптовалути со која ќе се воведат и КРИПТО АТМ апарати во реномирани угостителски објекти (ресторани и хотели) ќе може да се врши законска и официјална размена на криптовалути низ цела Македонија за домашни и странски гости“, предлагаат од НУК.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка