25 Април, 2024
0.0399

УЈП им исплати на газдите субвенции за октомвриските плати на над 58.000 вработени

Објавено во: Финансии 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи одобрила 13.696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври годинава, а помошта веќе им е исплатена на 11.954 работодавачи, известија денеска од УЈП.

Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари (14,7 милиони евра), а опфатени се 58.302 вработени.

„Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, велат оттаму.

Финансиската поддршка за исплата на плати е мерка дел од Четвртиот пакет кој го донесе Владата. Финансиската поддршка е за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, но барањата се поднесуваат електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно.

За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска поддршка треба да исполни некои услови. Приходите за секој месец да се намалени за најмалку 30 отсто во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во периодот од месец април 2019 година заклучно со месец септември 2019 година, октомври 2019 година или ноември 2019 година. Потребно е и бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка од овој закон да е ист или поголем со бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници со оправдан основ на престанок на работен однос и работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност.

Работодавачот не може да користи финансиска поддршка за исплата на плати за работник доколку работникот за месец јуни, јули, август или септември 2020 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, ако користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Владата ги усвои измените на 22 октомври. Според измените работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен.

Министерството за финансии смета дека на ваков начин ќе се инјектираат 70 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо