24 Април, 2024
0.0267

УЈП ја плати „Мој ДДВ“ над 75.000 евра, профилот остана туѓ

Објавено во: Економија 03 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ја чини над 75.000 евра, а апликацијата за поврат на ДДВ за граѓаните, Мој ДДВ дури и не е регистрирана на име на Управата за јавни приходи (УЈП). Вистинска „каша попара“ настана со оваа апликација, која уште на првиот ден беше недостапна за сите, се појави како апликација на физичко лице, ја имаше во неколку варијанти и покажа некои нефункционалности. Зошто и покрај тоа што ја финансира, државата не успеа барем да си ја регистрира на свое име? Познавачите велат дека апликацијата морало да биде под официјален профил на УЈП, па за нив тоа што на првиот ден, Мој ДДВ гласеше на име на извесен Кирил Соколов е крајно непрофесионално.

Трет ден откако постои оваа апликација уште е регистрирана под името на компанијата која ја изработи Акцент ДООЕЛ. Но исто така, на Play store се пребарува тешко, односно достапна е само ако името се напише на кирилица или и така ја нема за симнување. Корисниците на apple уште не можат да ја симнат.

Тие пак што ја имаат не се задоволни и пишуваат негативни оценки под истата. Дел од коментарите се однесуваат на тоа дека нема крајни граници на позицијата за скенирање, нема опција за промена на лозинка, не се прифаќаат одредени броеви за лозинки и ако не е добро испечатена сметката не може да се скенира. Исто така, на апликацијата нема извештај за тоа колкав поврат е обезбеден до последната скенирана сметка.

Сепак врвот е тоа што апликацијата уште е под приватно име. Сега на компанијата Акцент, првично беше на програмерот кој ја креирал, Кирил Соколов од Струмица. Неговото име беше тргнато, но остана впечатокот за збунетоста.

Од Акцент не успеавме да добиеме коментар и информации, но претходно на прашање на Фактор за тоа колку ова ја чини државата од УЈП изјавија дека сумата за изработката и за одржувањето за една година надминува 75.000 евра.

„Целокупната услугаво смисла напроектирање и инсталација на новиот систем, изработката на корисничките апликации за iОS, Android, WindowsiLinux, изработката на веб апликацијакако и едногодишното одржувањечини 4,7милиони денари (76.000 евра), одговорија од УЈП.

Сите упатени кои ги контактиравме велат дека требало да се направи под официјален профил, да не биде збунувачка оти ја има во неколку варијанти. 

Од УЈП вчера изјавија дека гарантираат за безбедноста на апликацијата.

Апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google којашто има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот. При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата.

При употреба на апликацијата е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.
Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа, изјавија оттаму.


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата