25 Април, 2018
0.0564

УЈП ќе почне со присилна наплата: Читајте како наједноставно да платите Радиодифузна такса

Објавено во: Економија 14 Јули, 2017

УЈП денеска соопштува дека граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи во спротивно ќе се сочат со постапки за присилна наплата. 

„Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.  Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата“, стои во соопштението од УЈП.

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?
- УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.
- Со цел да се осигурате дека нема да биде спроведена присилна наплата, извршете проверка дали плаќањата на РДТ се регистрирани во УЈП (преку увид на состојбата на долговите е-РДТ) или доставете доказ за извршената уплата до надлежната даночна канцеларија.

Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

Корисни информации: 
- За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте преку Инфо центарот 0800 33 000 или 02/3253 200;
- Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190);
- Флаер „е-Радиодифузна такса“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59).

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Koи показатели ги загрижуваат?

ГЕРМАНЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ: Koи показатели ги загрижуваат?

Прилеп и Долнени добија 5,7 милиони евра од концесија

Прилеп и Долнени добија 5,7 милиони евра од концесија

Можни се 980 мали бизниси со Програмата за вработување 2018

Можни се 980 мали бизниси со Програмата за вработување 2018

Анѓушев целосно ја продаде компанијата за електрична енергија

Анѓушев целосно ја продаде компанијата за електрична енергија

Се отвора вечерно училиште за правење екстракти од канабис во Македонија

Се отвора вечерно училиште за правење екстракти од канабис во Македонија

Програма за вработување во 2018-та

Програма за вработување во 2018-та

Бугарите во ЕУ се најзагрозени, но колку од Македонците можат да ги платат сметките?

Бугарите во ЕУ се најзагрозени, но колку од Македонците можат да ги платат сметките?

ЕВРОСТАТ: Можете ли да си дозволите да ги платите сите сметки?

ЕВРОСТАТ: Можете ли да си дозволите да ги платите сите сметки?

Владата го продолжува проектот Чебрен и Галиште

Владата го продолжува проектот Чебрен и Галиште