11 Ноември, 2019
0.0179

УЈП ќе проверува која фирма може да земе субвенции за придонесите

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019

Дали некоја компанија ги исполнува условите за да земе субвенции од државата за покривање на придонесите доколку ја зголемила платата на работниците, ќе проверува Управата за јавни приходи. 

„Обврзникот во Месечната пресметка за интегрирана наплата, што ја поднесува до Управата за јавни приходи, за осигуреникот за коj бара субвенционирање на придонеси внесува ознака објавена од страна на УЈП. Управата, за обврзникот кој побарува субвенционирање на  придонеси за осигуреникот, ја проверува исполнетоста на законските услови“, наведено е во Предлог-законот за субвенционирање.

Законот е на усвојување по скратена постапка во Собранието. Тој ќе почне да се применува веќе од стартот на следниот месец, а намерите на власта се со него да им помогне на газдите кои ќе решат да ги „почестат“ работниците со повисоки плати, и тоа да оди преку легалните канали на државата. 

Доколку фирмата не ги исполнува условите, УЈП треба да каже која е причината за тоа.

Исплатата на субвенците ќе оди Министерството за труд и социјална политика.

Оваа мерка нема да ја користат оние фирми што имаат други ослободувања преку некои владини програми, или, пак, користат други субвенции. 

Придонесите ќе им се покриваат на оние фирми што не се во постапка на стечај или ликвидација, или постапка на бришење и немаат неплатени обврски за плати.

Владата долго размислуваше кој период да се земе како референтен, бидејќи, како што во една прилика рече премиерот Зоран Заев, одредени газди кога слушнале дека ќе се носи законот, веќе ги намалиле платите, за потоа да ги зголемат и да ги искористат субвенциите. 

Сепак, на крај одлучила тоа да бидат последните три месеци. 

Референтен период се три последователни месеци кои претходат на месецот за кој обврзникот прв пат остварува субвенционирање на придонесите за определен осигуреник, во кои осигуреникот нема отсуство од работа поради привремена спреченост од работа, без оглед на остварениот број на часови на работа во референтниот период што осигуреникот ги поминал на работа кај тој обврзник“, стои во предлогот.

Највисокиот износ за кој се одобрува субвенционирање е зголемување на нето-плата до 6.000 денари, додека најнискиот износ е зголемување на нето-платата од 600 денари. 

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Анѓушев се повлекува од политиката, после изборите му се враќа на бизнисот

Анѓушев се повлекува од политиката, после изборите му се враќа на бизнисот

Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евра

Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евра

Ангеловска го претстави предлог-буџетот: Инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

Ангеловска го претстави предлог-буџетот: Инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

„Падна“ договор за повисоки плати на здравствените работници

„Падна“ договор за повисоки плати на здравствените работници

Две дами на раководните позиции - менаџерски промени кај пазарниот лидер Кроациа

Две дами на раководните позиции - менаџерски промени кај пазарниот лидер Кроациа

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Скокна минималната пензија

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Скокна минималната пензија

ТОЧЕТЕ ГОРИВА: Од ноќеска цените скокаат

ТОЧЕТЕ ГОРИВА: Од ноќеска цените скокаат

Акционери на „Топлификација“ бараат Јовески да ја испита помошта за ТЕ-ТО

Акционери на „Топлификација“ бараат Јовески да ја испита помошта за ТЕ-ТО

Саниран дефектот во Визбегово

Саниран дефектот во Визбегово