УЈП: Проверете ги даночните пријави, рокот истекува денес
Објавено во: Економија 31 Мај, 2019
Управата за јавни приходи денеска ги потсети граѓаните дека рокот за проверка на годишните даночни пријави истекува денес, односно можноста е до 1 јуни.
Даночните обврзници кои се регистрирани во системот е-Персонален данок според тоа имаат можност уште денес да направат проверка преку своите кориснички профили и да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.
Од друга страна, корегираните ќе бидат надгледувани од УЈП и одобрени дополнително од службено лице и разликата во данокот треба да се доплати до 30 јуни.
Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).