УЈП со контроли на Пластичарска поради неиздавање на фискални
Објавено во: Економија 20 Август, 2019
Инспекторите од Управата за јавни приходи постапуваат по пријава од граѓани за неиздавање фискални сметки во продавниците на Пластичарската улица во Скопје.
До сега УЈП извршиле контроли за издавање фискални сметки и во Дебар, Кичево, Охрид, Куманово, Дојран и други градови.
Претходно УЈП ги повика граѓаните да пријавуваат неиздавање на фискални сметки. Oткако граѓаните скенираат фискални сметки се очекува дека ќе се намали сивата економија во Македонија.