Украдени скоро 27 тони јаболка од магацин во Ресен
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020
Украдени се 26.880 килограми јаболка од магацин во Ресен.
З.Ј. од Ресен вчера пријавил во полиција дека во период од 18 до 20 јануари во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби, односно околу 26.880 килограми јаболка.
Увид на местото на настанот направила увидна екипа на Полициска станица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.