УКРАИНА БАРА БРЗ ПРИЕМ ВО НАТО, А ШТО ОДГОВОРИ СТОЛТЕНБЕРГ: Вратата е отворена, но....
Објавено во: Свет 30 Септември, 2022
Зеленски
претходно изјави дека денеска Украина испратила барање за забрзан прием во НАТО,
но, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека вратите
на НАТО се отворени, но дека алијансата ќе се фокусира на помагање на Киев.
- Секоја земја има право да си го дефинира својот пат. Вратите на НАТО се отворени, но алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев – рече Столтенберг.
Инаку, Зеленски веднаш по официјалното потпишување на анексијата изјави дека денеска Украина испратила барање за забрзан прием во НАТО.
- Имаме де факто веќе докажана компатибилност со стандардите што ги бара Алијансата. Тие се покажаа како реални за Украина, реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е Алијансата – рече претходно.
Оваа одлука уследи откако рускиот претседател Владимир Путин заедно со лидерите на Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон денеска потпишаа документ за анексија на четирите украински региони.