25 Април, 2024
0.3027

Украина е најкорумпирана земја на светот и Хрватска нема да се меша ако дојде до ескалација

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Јас сум командант на војската, хрватски војници нема да одат во Украинa, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Хрватска на никаков начин нема да се меша во кризата ако дојде до нејзина ескалација.

Тој порача дека на Украина не ѝ местото во НАТО, а ситуацијата на украинско-руската граница ја оцени како сериозна криза зад која првенствено стои динамиката на американската внатрешна политика. 

Милановиќ вели дека постојат начини Украина да се зачува како „цела држава или 99 отсто од неа“ и економски да ѝ се помогне, но додаде дека не ѝ местото во НАТО пактот, во, на пример, не се ни неутралните Финска, Австрија и Шведска па се безбедни земји.

„Оваа криза нема врска ни со Украина ни со Русија, таа има врска со динамиката на американската внатрешна политика на Џо Бајден и неговата администрација“, кажа Милановиќ. 

Уривањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович, „измамник кој седеше на три столчиња“, Милановиќ го нарече „државен удар поттикнат од Европската Унија, и пред сè од Вашингтон во тоа време“.

„По тие настани од 2014 година, со кои почнаа конфликтите во Украина, „приказната беше следната: Украина оди на запад, нема што да бара со Русија, царинската унија со Русија и поранешните земји од Советскиот Сојуз е лоша за Украина, а во ЕУ ќе течат мед и млеко“, кажа Милановиќ.

Осум години подоцна, како што вели Милановиќ, „Украина е и понатаму една од најкорумпираните земји во светот, економски стагнира и не доби ништо од ЕУ“.

Пет европски држави ќе донираат 47 милиони долари финансиска помош за Украина. 

Во оваа група се Велика Британија, Канада, Шведска, Швајцарија и САД. Тие планираат на крајот од месецов да основаат фонд за помош на Украина со финансирање од 35 милиони фунти (над 47 милиони долари) за период од три години. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)