Украинците ја слават смртта на проруски началник кој загина во атентат

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022
Во Херсон во Украина е убиен прорускиот началник Дмитри Савлученко. Тој загина во атентат.
Савлученко, кој раководел со одделот за млади, семејство и спорт, загинал откако експлодирал неговиот автомобил.
Украинците ја слават смртта на Савлученко, кого го опишуваат како локален предавник. Тој водел проруски младински групи во регионот, пред да биде вклучен во новата администрација по окупацијата.
„Нашите партизани запишаа уште една победа: проруски активист и предавник утрово е дигнат во воздух во својот автомобил“, изјави Серхиј Клан, помошник на шефот на воената администрација на Херсон.
Русија реагираше за атентатот.
„Ова не е ништо друго освен терористички чин и така и ќе го третираме“, реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Според најновите информации, сега украинските сили се повлекуваат од градот Северодоњецк.
Според руската страна, украинските војници се предаваат низ целата линија на фронтот кај Лисичанск, Северодоњецк и опколените места Горски и Золотоје, објави офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Андреј Марочко.Можеби ќе ве интересира
ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ПАКИСТАН ЗАГИНАЛЕ 580 ЛУЃЕ, илјадници ги изгубиле своите домови

„БОРЦИТЕ НА АЗОВ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕСЕНИ-ЗАСЛУЖУВААТ ПОНИЖУВАЧКА СМРТ“: Која е вистината за нападот на затворот во Оленивка

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО - 10,1 ОТСТО, поттикната од зголемените цени на храната и горивата

ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈА ЗАФАТИ ВОЗ: Луѓе скокнаа од вагонот, повеќе од 20 патници се повредени
ГОЛЕМ ИНСАЈДЕРСКИ ИЗВЕШТАЈ: САД СО МЕСЕЦИ ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ВОЈНА - Зеленски не верувал

ЗАПАДОТ ГО ЧЕКА ПОРАЗОТ НА УКРАИНА: Кулеба призна дека неговото семејство ја напуштило земјата

Кој му работи зад грб на Путин и пренесува информации на западните разузнавачи?
