Украинците воведоа полициски час во град каде ќе ги „ловат“ соработниците на Русите
Објавено во: Свет 05 Август, 2022
Властите во Украина ќе ги „ловат“ соработниците на руските сили.
Украинскиот град Николаев воведе полициски час заради разоткривање на соработниците на руските сили.
„Украинскиот град Николаев (Миколаив) воведе невообичаено долг полициски час од денеска во 23 часот до 05 часот во понеделник“, соопшти Виталиј Ким, регионалниот гувернер на регионот Николаев.
Како што пренесува Укринформ, тој побара од граѓаните да го испланираат претстојниот викенд и да извршат набавки за два дена.
„Градот ќе биде затворен за време на викендот. Ве молиме да имате разбирање. Работиме и на фаќање соработници. Некои населби ќе бидат предмет на проверки”, напиша гувернерот во објавата на Телеграм.
Ким претходно понуди награда од 100 долари за информации за луѓе кои на окупаторите им ја откриваат локацијата на украинските трупи. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Скоро секој ден има цивилни жртви. Во Украина беа разрешени многу кадри во раководните структури кои соработувале со руската страна.
foto Wikipedia/Dsn.gov.ua