25 Април, 2024
0.0258

Улица во Турски Измир ќе носи име на македонски град

Објавено во: Стил 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во турскиот град Измир, каде што живеат голем број на иселеници од Република Македонија, локалната власт донесе одлука една од улиците да го носи името Дебарска. 

Претставникот на општина Маврово – Ростуше, Фикрет Ибраими, информираше дека на свеченоста присуствувале градоначалникот на Борнова, Атила Олгун и градоначалникот на општина Маврово – Ростуше, Медат Куртовски. На улицата, на која што најголемиот број на иселеници се од Реканско – дебарскиот регион поставена е таблата „Дебре сокак“ што во превод значи Дебарска улица. Во близина на оваа улица е и познататата „Дебрели џамија“ односно Дебарска џамија. 

На свеченоста, градоначалникот на Борнова нагласи дека иселениците од Македонија имаат големо значење во економскиот развој на општината и се активни во сите сфери од животот. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти