25 Април, 2024
0.0291

УЛТИМАТУМ ДО ВЛАДАТА - дел од кабелските бараат или одговор до 15 часот или ќе исклучуваат програми

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

До Владата денеска стигнал мејл, со кој Агенцијата на кабелски оператори АКО СИЗ поставила ултиматум до власта - или таа денеска до 15 часот да се изјасни дали ќе се формира Фонд за помош на медиуми, или во спротивно, ако не го добијат одговорот, тие ќе ги исклучат од реемитување македонските национални телевизии, дознава Фактор од владини извори.

Во ова здружение членува Телекабел - од редот на поголемите кабелски оператори, како и неколку локални кабелски оператори од помали градови во земјава.

Според нашите сознанија, со ваква форма на притисок врз власта не се согласуваат поголемите оператори, меѓу кои Телеком, А1, Тотал ТВ и други, кои членуваат во Здружението за информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија. Телекабел и другите помали оператори членуваат и во ова здружение, но имаат и посебно, АКО СИЗ, кое денеска го упатило ултимативниот мејл до Владата.  

Од Владата, како што дознава Фактор, овој мејл не го сметаат за сериозен, бидејќи, според нив, на него било потпишано едно лице, и тој бил без меморандум на асоцијацијата што ја застапува. 

Исто така, владини извори велат дека Владата досега не донела Уредба со која би се формирал Фонд за помош на медиуми. А, на дневниот ред на денешната владина седница не е ставена точка за формирање на таков Фонд.

„Нејасно е зошто ова здружение ни поставува ултиматум да одговориме на нешто што воопшто не постои. Таква Уредба досега не е донесена, ниту, пак, таква точка е ставена на дневен ред на владината седница“, велат оттаму.

Според извори во Владата, овој мејл е на ниво на закана и претставува еден вид фрустрирачка комуникација, и доколку кабелските оператори навистина останат на овој став и ги исклучат од реемитување национаните телевизии, тоа би било кршење на законот, затоа што на овој начин тие нема да ги испочитуваат правата на нивните корисници на услугите. 

А дека Владата имала намера да донесе Уредба за формирање на таков Фонд, кабелските оператори дознале од свои извори. Според нивните информации, тој Фонд би се полнел со средства од операторите, а би им дал помош на националните телевизии. 

Против оваа идеја е Здружението за информатичко-комуникациски технологии, кое веќе се изјасни дека би биле сериозно засегнати од една таква Уредба. 

„Операторите на јавни комуникациски мрежи кои реемитуваат ТВ содржини, обединети во рамки на ИКТ здружението при Стопанската комора на Македонија, се сериозно засегнати од најавата за Уредба со која ќе се формира таканаречен Фонд за медиуми кој би се финансирал од операторите! Од почетокот на кризата и вонредната состојба во неколку наврати се координиравме во врска со овие и други најави кои сериозно се одразуваат на нашето работење, а посебно во време на здравствена и економска криза. За жал, иако баравме намалување и замрзнување на парафискалните давачки кои се огромен товар на секторот, не добивме ништо повратно, а спротивно од тоа добивме најава за нова парафискална давачка во вид на таканаречен Фонд за медиуми“, велат од Здружението.

Дека Владата има намера да донесе таков Фонд неодамна во едно телевизиско гостување најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Фактор го птраша министерот Манчевски, со цел да го прашаме дали и со која цел би се формирал таков фонд, од каде би се собирале парите во него, дали со него ќе им се помага само на телевизиите, и дали не би требало во него да се вклучат и порталите кои се исто така засегнати од корона кризата, како и дали еден ваков вид Фонд и финансирање на медиумите не би значело еден вид „мека корупција“ во медиумскиот простор. 

Од неговиот кабинет велат дека се разгледуваат сите опции кои се на располагање за надминување на овој проблем.

„Се разговара веќе подолго време со сите засегнати, со цел да се донесе одлука што е најдобра за сите, а да не е на товар на граѓаните“, ни изјавија од кабинетот на Манчевски. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг