УЛТИМАТУМ ДО ВУЧИЌ: Или ќе ги ослободи приведените или ќе продолжат со протести
Објавено во: Балкан 17 Март, 2019
Протестот во Белград заврши, а опозицијата бара властите да ги ослободи приведените.
Тој заврши вечерва околу 18 часот со обраќање на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ кој изјави дека бараат до утре до 15 часот да бидат ослободени приведените за вчерашниот упад во зградата на РТС, јави дописникот на МИА од Белград.
Според него, тоа се деца на возраст од 18 до 20 години и побара лидерите на опозицијата да бидат секојдневно на програмите на државната телевизија и радио.
Вели дека доколку полицијата не ги ослободи, организаторите ќе продолжат со протести до исполнување до крај на своите барања.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е луд бидејќи собира свои активисти за да ги испрати во Белград. Тој сака граѓанска војна ама ние нема да учествуваме во тоа. Кога пак ќе се собереме, нема назад. Тоа е крај“, изјави Обрадовиќ.
Опозиционерите најавија дека се подготвуваат и контрамитинзи за поддршка на претседателот Александар Вучиќ.