28 Март, 2024
0.0252

(ГАЛЕРИЈА) Уметност, насмевки и добро расположение на 15-тата јубилејна „Бела ноќ“

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Големата присутност, многуте насмеани лица, во добро и пријателско расположение можеби најдобро од сѐ ја отсликаа овогодинешната јубилејна 15-та по ред „Бела ноќ“.

Веќе традиционално, првата сабота од октомври градот Скопје пулсираше во ритмот на културата, уметноста и добрата музика. На 15 локации беа изведени изложби, театарски перформанси, претстави, концерти, и концертни настапи, кои ја одбележаа саботната вечер.

На еден од централните настани, пред Универзалната сала, музичките легенди Славе Димитров, Верица Ристевска, Драган Мијалковски, Лидија Кочовска, заедно со Сашо Гигов - Гиш, Ѓоко Танески, Ај Кју и Сара Мејс и публиката се забавуваа со незаборавните мелодии од „Скопски Фестивал“. Фестивалот не се одржува веќе 4-та година, а дотраениот објект на Универзалната сала веќе 3-та година не е во функција. На крајот на концертот, по заедничката изведба на легендарната „Чија си“ со Славе Димитров, пејачите заедно со присутните апелираа за враќање на „Скопскиот фестивал“ и обновување на еден од симболите на градот Скопје, Универзалната сала.


Овогодинешните победници на 3Д мапинг натпреварот на фестивалот на светлината Skopje Light Art District, Џереми Ури и Милош Лисински, ја отсликуваа својата визуелна уметност на фасадата на катната гаража „26-ти јули“. Во МКЦ, во рамки на „НЕкултура“ фестивалот, со домашна поддршка, настапи британското електронско дуо, Paranoid London.

Националната Опера и Балет со поставките на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, одбележа 70 години постоење, а во МНТ се одигра претставата КРУГ, во режија на Наташа Поплавска, со Дејана Поповска и Јакопо Гарфањоли во главните улоги. Во Музејот на современата уметност пак, свој заеднички настап имаа пијанистката Ема Попивода и диџејот Андреј Мицајков.

Многу други изложби, претстави и кино проекции се одвиваа истовремено и на другите локации и простори кои беа дел и со својата програма придонесоа за комплетирање на програмскиот дел на јубилејната 15-та „Бела ноќ“. 



Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село