24 Април, 2019
0.0309

УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2018

На 19ти и 20ти април во организација на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија  со поддршка на Централно – европската иницијатива ќе се одржи меѓународната арбитражна конференција „АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ.“

На денешната прес-конференција, претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, д-р Горан Рафајловски, најави дека на 19ти и 20 ти април, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Арбитражата со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) ќе се одржи меѓународната конференција: „АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ“. Д-р Рафајловски информираше дека истакнати експерти, теоретичари и практичари од 10 различни европски земји, вклучувајќи адвокати од водечките светски адвокатски друштва, арбитри со децениско искуство во арбитража, и професори кои долги години се занимаваат со овие прашања, два дена ќе дискутираат за најактуелните прашања од областа на арбитражното право.

Излагањата на говорниците на конференцијата ќе опфатат теми од важност за работењето на компаниите, а кои се поврзани со постојаната тенденција за проширување на кругот на споровите кои можат да се решаваат во арбитражна постапка особено оние кои произлегуваат од правото на интелектуална сопственост, антимонополското и концесиското право. Понатаму ќе бидат разгледани и практичните прашања поврзани со арбитражните постапки и активностите кои се преземаат за остварување на нивна поголема ефикасност и Њујоршката конвенција од 1958 година, благодарение на која странските арбитражни одлуки за разлика од судските одлуки уживаат поедноставен режим на признавање и извршување, а ќе се дискутираат и придобивките и идните предизвици поврзани со нејзината примена. Конечно, акцент ќе биде ставен и на инвестициската арбитража која се покажа како ефикасен механизам за заштита на инвеститорите од нерамноправен третман од страна на државата – домаќин и билатералните инвестициски договори кои се основа за покренување на ваквите спорови.

Како што истакна д-р Рафајловски, на светско ниво, арбитражата е префериран метод за решавање на споровите кои произлегуваат од деловното работење за 90% од компаниите, и е најчесто применуван метод за решавање на споровите кои произлегуваат од областите градежништво и енергетика.Компаниите како најпозитивна карактеристика на арбитражата ја гледаат извршливоста на одлуката, по што следат флексибилноста, можноста за самостоен избор на арбитрите кои ќе постапуваат во спорот и временската ефикасност на постапката.

Д-р Рафајловски посочи дека арбитражното решавање на споровите кое се одликува со голема ефикасност, квалитет и брзина на постапката, како и стручност на арбитрите кои постапуваат во споровите може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата, при што домашните компании наместо да ја договараат надлежноста на арбитражите во Париз, Цирих или Лондон, ќе ја договараат надлежноста на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија може да се пофали со голема ефикасност на постапката имајќи предвид дека просечното времетраење на постапката изнесува 232 денови (7,5 месеци) – и тоа се однесува од моментот на поднесување на тужбата до моментот на донесување на правосилна одлука. Во практиката Арбитражата бележи и случаи на траење на постапката од 125 денови (речиси 4 месеци), што за компаниите значи значителна заштеда на време и трошоци за решавање на споровите кои произлегуваат од нивното работење.


Можеби ќе ве интересира

Huawei во првиот квартал со приход од 26,7 милијарди долари, 39% поголем во однос на истиот период лани

Huawei во првиот квартал со приход од 26,7 милијарди долари, 39% поголем во однос на истиот период лани

Прва збирка рецепти објавена од Бимилк: Многубројни брзи и лесни оброци подготвени со Битолска павлака

Прва збирка рецепти објавена од Бимилк: Многубројни брзи и лесни оброци подготвени со Битолска павлака

ИутеКредитите се подостапни: Отворена нова експозитура во Скопје, ќе има и во поголемите градови

ИутеКредитите се подостапни: Отворена нова експозитура во Скопје, ќе има и во поголемите градови

Марија Матиќ, раководител на Модулот Медиуми на Direct Media Академија: Ќе покажеме во која насока се движат медиумите

Марија Матиќ, раководител на Модулот Медиуми на Direct Media Академија: Ќе покажеме во која насока се движат медиумите

Несуден криминалист со врвни резултати: Интервју со Александар Кираџиев, најдобриот македонски маратонец

Несуден криминалист со врвни резултати: Интервју со Александар Кираџиев, најдобриот македонски маратонец

Исплата на априлските пензии на 25-ти април за сите приматели преку Силк Роуд Банка

Исплата на априлските пензии на 25-ти април за сите приматели преку Силк Роуд Банка

BLUEAIR ве советува како да се заштитите од сезонските алергии

BLUEAIR ве советува како да се заштитите од сезонските алергии

(Видео) Доделени 288 награди со „Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

(Видео) Доделени 288 награди со „Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

Истражувавме – во што серијата С10 е прва, а во што е најдобра?

Истражувавме – во што серијата С10 е прва, а во што е најдобра?