18 Ноември, 2019
0.0179

Унапредување на трговската размена во цефта-регионот

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2019

Денес, претставниците на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) потпишаа Меморандум за соработка за подобрување на трговијата во рамките на ЦЕФТА, кој треба да овозможи отстранување на бариери во трговијата, усогласувањето на придружната документација при прекуграничното движење на стоки во регионот, како и меѓусебно признавање на ветеринарни и фитосанитарни сертификати.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на Управниот одборот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ ЗБ6) Марко Чадеж, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ и Томислав Кнежевиќ од Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ).

Марко Чадеж, претседател на Управниот одборот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Србија, изјави дека коморите од регионот, како глас на економијата, се обидуваат да работат заедно со властите, со цел изнаоѓање заеднички системски решенија, а воведувањето на меѓусебно признаени овластени економски оператори (ОЕО) за трговијата во регионот, чиешто формирање е во тек, ќе им овозможи на компаниите да ја поминат фазата на регистрација во една земја, која се базира на обезбедување транспарентност во бизнисот, шпедицијата, увозот и извозот на стоки и тој статус како таков да им се признае во целиот регион.

„Се` е подготвено за меѓусебно усогласување и признавање на сите документи,  не само за меѓусебно признавање на статусот на овластен економски оператор, туку и меѓусебно признавање на документи, особено ветеринарни сертификати и фитосанитарни сертификати во областа на земјоделието. Ова се секојдневните проблеми со кои се соочуваат бизнисмените во нивниот редовен бизнис. На нас ни останува да обезбедиме меѓусебно признавање на целосната документација, за да може кога камионот ќе влезе на Хоргош, во Драч да го истовари на брод без претходни застои“, - истакна Чадеж.

Тој додаде дека компаниите коишто еднаш ќе се регистрираат преку овој систем, нема да имаат проблеми на граничниот премин, бидејќи целата документација ќе биде меѓународно призната, што е предуслов за функционирање на заеднички и единствен пазар.

Генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Сафет Герџелиу, додаде дека со потпишувањето на Меморандумот започнува нова ера на соработка во регионот.

„Целта на овој договор е да се зајакне дијалогот и партнерството во регионот и приватниот сектор да има можност да биде дел од одлуките и договорите на регионално ниво“, изјави Герџелиу и нагласи дека основната цел е да се отстранат бариерите за да може позитивно да влијаат врз економскиот развој и подобрување на имиџот на регионот.

„Само таков регион, може да биде привлечен за инвеститорите и само на тој начин проблемите ќе можат да се решат“ – истакна Герџелиу. Тој додаде дека во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), повеќе од 350.000 компании се членки на националните комори.

Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, истакна дека на 1 јули стапува на сила одлуката за целосна кумулација и враќање на увозни давачки на увозот од трети земји во рамките на ПЕМ (PEM) Конвенцијата, како и тоа дека за економијата во регионот носи корист од околу 100 милиони евра.

„Во моментот се работи на заедничко признавање на овластените економски оператори ОЕО“, рече Ѓикиќ, додавајќи дека во споредба со европските земји, каде што има околу 17.000 ОЕО, во регионот има 20, со исклучок на Молдавија и дека целта на Меморандумот е да се поттикне економијата  да започне да функционира на начин како што е  регулирано во ЕУ и да го зајакне капацитетот за пристапување кон Унијата.

Томислав Кнежевиќ додаде дека ГИЗ има одлична соработка со Секретаријатот на ЦЕФТА уште од 2012 година, како и дека во изминатите шест години се имплементирани голем број активности кои се во насока на зголемување на трговијата на територијата на Југоисточна Европа, но и за намалување на бариерите кои се присутни во трговијата.

„Со оглед дека сите ние имаме заеднички цели, а тоа е интеграција на регионот во ЕУ и подобрување на трговијата, решивме да ги поддржиме идните активности и сето тоа да го подигнеме на повисоко ниво. Еден од тие чекори е формалното потпишување на Меморандумот“, - изјави Кнежевиќ.


м-р Сања Николова

Можеби ќе ве интересира

Ротаракт Клуб Скопје ја започна еколошката акција „Ротаракт Шума“, со садење дрва во општина Аеродром

Ротаракт Клуб Скопје ја започна еколошката акција „Ротаракт Шума“, со садење дрва во општина Аеродром

Прекин на водоснабдувањето во Студеничани

Прекин на водоснабдувањето во Студеничани

Дефектот во Ченто е саниран

Дефектот во Ченто е саниран

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Со Рамстор Мол до поубави новогодишни празници

Со Рамстор Мол до поубави новогодишни празници

Прекинато е водоснабдувањето на повеќе улици

Прекинато е водоснабдувањето на повеќе улици

ВРЕМЕ Е! Разбуди ја свеста и кажи стоп на смртта на патиштата

ВРЕМЕ Е! Разбуди ја свеста и кажи стоп на смртта на патиштата

Дефектот во Центар е саниран

Дефектот во Центар е саниран

Иновациите и нивното влијание врз заштита на животната средина во фокусот на последниот ден од Самитот Македонија2025

Иновациите и нивното влијание врз заштита на животната средина во фокусот на последниот ден од Самитот Македонија2025