24 Април, 2024
0.0496

УНДП ја започнува изградбата на новата градинка во Шуто Оризари

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8ми Април“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја започна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари. Во изминатиот период, УНДП ги заврши подготвителните работи од проектот, како обезбедување на сите дозволи од релеватните институции, рушење на старата опожарена зграда, расчистување на теренот и обезбедување на услови за почеток на градежните работи.

„Презадоволни сме што имавме можност да се вклучиме и да помогнеме во овој многу важен проект за заедницата каде што децата се соочуваат со реален ризик да бидат изоставени во образовните достигнувања и животните можности уште од најмала возраст.“  - истакна Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санс Бјорнштанд.

„Наша цел е исполнување на начелото „повторно да се изгради подобро“ – објаснува Луиза Винтон, постојана претставничка на УНДП. „Ја трансформираме катастрофата во можност, со тоа што го прошируваме капацитетот за згрижување на деца, со енергетско – ефикасните елементи ги намалуваме оперативните трошоци, но и овозможуваме услови за престој за деца со попречености кои сега ќе имаат шанса да поминуваат повеќе време со своите врсници. “

Проектот го реализира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Општина Шуто Оризари.

Секое дете е важно и овозможување на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на оваа Влада. Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобриме квалитетот на програмите и да вклучиме што поголем број деца кои досега немаа можност да посетуваат градинка. Досега се отворени 11 нови објекти,а до крајот на 2018 година е предвидено отворање на дополнителни 8.  Работиме и на јакнење на кадровските капацитети, односно од 1.01. 2018 година Министерството обезбеди финансиска согласност за вработување на  789 лица на неопределно време и и 50 вработување на определно време во градинките.“ – изјави Министерката Мила Царовска. 

На дизајнот на новиот објект – кој треба да симболизира нов почеток -  работеше широка палета на експерти, претставици на општината, како и жители на општината.  Идејата беше со овој интерактивен пристап успешно да се одговори на очекувањата од заедницата, но во исто време решението да биде во согласност со современите градежни трендови.

„Презадоволни сме од поддршката норвешката влада, која секако ќе обезбеди подобра социјална инклузија на Ромите во локалната заедница“– потенцираше Курто Дудуш, градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Старата градинка, единствениот објект од таков вид во општината со 22.000 жители, беше целосно опожарена минатата година, со што околу 200 деца од претшколска возраст се уште се згрижени во импровизирани услови во општинското средно училиште, а околу 100 деца од улица привремено се сместени во субстандарни услови во дел од амбулантата во општината.

Планирано е изградбата да биде финализирана до март, 2019 година. Средставата на изградба на новата градинка „8ми Април“ се обезбедени од владата на Кралството Новешка.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка