25 Април, 2024
0.0318

УНЕСКО, Грција и Русија се побунија за Аја Софија

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Стигнаа првите реакции за  одлуката за пренамената на Аја Софија во Истанбул од музеј во џамија.

УНЕСКО жали поради одлуката на турските власти за промената на статусот на Света Софија, изјави директорката на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединети нации, Одре Азуле.

Таа истакна дека Света Софија како дел од Истанбул има силна симбиличка, историска и универзална вредност.

Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган денеска го потпиша декретот откако судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј. Ердоган повика на оваа промена за време на минатогодишниот предизборен митинг.

„Навистина е срамота што не се слушна загриженоста на Руската православна црква и другите православни цркви. Оваа одлука, за жал, не е насочена кон усогласување на постојните разлики, туку напротив, може да доведе до уште поголеми поделби, како што порача и патријарх Кирил во својата изјава на 6 јули“, реагираше Руската православна црква.

Грчката министерка за култура Лина Мендони изјави дека денешната одлука е отворена провокација кон целиот цивилизиран свет, кој ја признава уникатната вредност и универзалноста на споменикот. 

Вели дека никој не се обидува да се меша во внатрешните прашања на Турција, но Аја Софија, која се наоѓа на турска територија е споменик на човештвото, независно од религијата и додаде дека Ердоган ја враќа земјата шест векови назад и „избира културна изолација за земјата“.

Аја Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)