УНЕСКО ја опомена Венеција, виси нивниот статус на заштитено светско наследство
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2019
По поплавите италијанскиот град Венеција може да го изгуби статусот како заштитено светско културно наследство.
Ова ќе се случи доколку не може да се заштити од сè поголемите поплави, предупредија вчера претставниците на УНЕСКО, нудејќи помош за обновата.
Венеција беше зафатена од најголемата поплава месецов и такво нешто немало повеќе од 50 години.
Претходно, две знаменитости се отстранети од списокот на светско наследство на УНЕСКО. Прво е отстрането арапското светилиште Орикс во Оман во 2007 година поради недостиг на заштита, а потоа долината на реката Лаба кај Дрезден во 2009 година каде е изграден мост.
Црквата „Свети Марко“ исто така е поплавена, што е четврти пат во последните две децении, а шести пат во изминатите дури 1.200 година.
Поради 118 острови и лагуни, Венеција беше прогласена за светско наследство во 1987 година.
Се смета дека климатските промени се фактор кој доведе до катастрофални поплави.Туристите уживаа да се фотографираат во поплавениот град, а еден маж беше снимен како плива во поплавениот плоштад. Поради поплавите беше прогласена вонредна состојба.